Екипата на Работнички подготовките за новата сезона ќе го одработи во Терме Чатеж во Словенија, каде ќе одигра четири контролни средби. Експедицијата на „романтичарите“ за Словенија ќе замине утре , а првиот контролен натпревар ќе го одиграат на 19 јули против израелски Ашдод. Три дена подоцна избраниците на Милан Илиевски ќе ги одмерат силите против локалниот тим Бриње, а за 25 јули е закажан тест со турскиот Трабзонспор за кој настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди. Генералната проба за стартот на новата сезона Работнички ќе ја има на 27 јули и тоа против саудискиот прволигаш Ал Етифак, кој е предводен од легендарниот Стивен Џерард, а за кого игра македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски.
Скопјани летните подготовки во Терме Чатеж ќе ги заокружат на 29 јули за кога е предвидено враќање во Македонија.