Кошаркарката на Њујорк Либерти, Сабрина Јонеску го собори рекордот во брзо шутирање тројки на Ол-стар натпреварот на ВНБА.
Со неверојатна серија во финалето на натпреварувањето, Јонеску го воодушеви кошаркарскиот свет, а во победничката серија промаши само два шута од вкупно 27.
Јонеску погоди и два специјални удари од поголема далечина кои носат повеќе поени.
На неверојатната серија и немаше крај, таа постигна неверојатни 37 поени и со тоа постави нов рекорд во брзо шутирање за три поени, а реакција по серијата имаше и Стеф Кари, кој се огласи на Твитер.
Ол-стар викендот на ВНБА оваа година се одржува во Лас Вегас.