Турскиот фудбалски гигант Фенербахче ќе купи две балкански ѕвезди. Првиот голем трансфер, кој е пред реализација е со српскиот интернационалец, довчерашен капитен на холандскиот Ајакс, Душан Тадиќ. Српскиот репрезентативец пред неколку дена го напушти тимот на Ајакс и во раните утрински часови одлетал за Истанбул.
Фенербахче е блиску до потпис и со хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ. Голманот на Динамо Загреб ќе пристигне покрај Босфор за сума од 9 милиони евра. Сите други услови се договорени, а останува само да се размени потребната документација.
Ливаковиќ синоќа со Динамо Загреб го освои Суперкупот на Хрватска.