Фондација Заев: Поддршка за првиот Македонски Аналоген Астронаут

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ продолжува со поддршка на младите сонувачи со отворени очи кои веруваат во сопствената визија за успешно себереализирање и  вклопување во современите светски текови, а притоа ја афирмирааат и нашата земја на глобален план.

Таков е примерот на Мартина Димоска која е на програмата Masters of Space Studies од нејзиниот универзитет International Space University.

Во последната декада од месецов младата и амбициозна Мартина ќе биде дел од Аналогната астронаутска мисија која ќе се реализира во пештери, во заштитен Национален парк во Шпанија. Мисијата ќе биде спроведена од ЕСА поддржаниот старт-ап ICEE Space и Astroland Interplanetary Agency. Командир на Мисијата е ЕСА Астронаут Резервист Ales Svoboda а членови на екипажот се врвни истражувачи, поддржани од етаблирани научни институции. За непречена реализација на таквиот ангажман, нашата фондација го поддржа вклучувањето на Мартина Димоска во овој проект, со финансиска помош од 185.000 денари, колку што изнесува вкупниот потребен буџет за таа намена.

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ апелира до сите национални институции, организации и фондации да ги поддржат активностите на Мартина – првата жена – Балкански и Македонски Аналоген Астронаут. На тој начин ќе овозможиме нејзините знаења и искуства да бидат пренесени и на други млади граѓани, но и да и помогнеме на Северна Македонија да фати приклучок и да држи чекор со земјите од соседството, во делот на вселенскиот сектор.

Треба да знаете
Последни објави