Бен Афлек и Џенифер Лопез вчера ја прославија годишнината од бракот со своите семејства во Лос Анџелес. Бен и Џеј Ло беа видно расположени, а парот ја одбележа оваа посебна пригода уживајќи на ручек во Беверли Хилс со своите три деца од претходните врски.
Двајцата не ја пропуштија можноста да бидат сами, па на вечера излегоа без децата, каде Џеј Ло блесна во мини фустан кој ги истакна нејзините облини, а во кој изгледаше како девојче.
Во 2021 година, парот ја обнови својата романса откако Лопез се разведе од поранешниот играч на МЛБ, Алекс Родригез. Една година подоцна, парот повторно се вери. Минатиот август, тие одржаа втора свадбена церемонија за да го прослават својот брак во домот на Афлек.