Денеска завршува договорот за извоз на житарки меѓу Украина и Русија: Путин не сака продолжување, Украина се потпира на ОН

Денеска истекува важноста на договорот со кој се овозможува безбеден извоз на жита и ѓубрива преку Црно Море, што првпат беше потпишан на 22 јули минатата година и оттогаш неколку пати беше продолжен, а натамошното опстојување на оваа важна иницијатива е неизвесно бидејќи Русија бара исполнување на условите за повторно приклучување на SWIFT .

Повторното поврзување на Руската земјоделска банка со SWIFT, што Европската унија го суспендираше во јуни 2022 година поради нападот врз Украина, е клучното барање на Москва за продолжување на договорот.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, минатата недела во писмо до рускиот претседател Владимир Путин предложи Москва да дозволи Црноморскиот договор за житарки да продолжи неколку месеци, за да и даде време на ЕУ да поврзе подружница на Руската земјоделска банка со СВИФТ.

Црноморската иницијатива, која беше потпишана од претставници на Русија, Турција, Украина и ОН на 22 јули 2022 година, вклучува извоз на украинско жито и храна, како и ѓубрива преку Црното Море од три пристаништа.

Вториот дел од договорот што го потпишаа Русија и ОН предвидува деблокирање на извозот на храна и ѓубрива од Русија, а меѓу главните точки беше повторното поврзување на руската Земјоделска банка со SWIFT, обновувањето на испораката на земјоделска механизација и резервни делови. 

Москва посочува дека овој дел од договорот се уште не е спроведен.

Треба да знаете
Последни објави