Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека одлуката за утринскиот напад на мостот на Крим ја донеле украинските власти и армијата, со, како што наведе, учество на американските и британските разузнавачки служби.
„Денешниот напад на мостот на Крим го изврши режимот во Киев. Овој режим е терористички и ги има сите обележја на меѓународна организирана криминална група“, напиша Захарова на Телеграм, пренесува РИА Новости.
Таа додаде дека одлуките ги носат украинските официјални лица и војската, со „директна вклученост на американските и британските разузнавачки агенции и политичари“.