Кастриот Реџепи ќе биде дел од новата политичка партија на Меџити

Изет Меџити и официјално излегува од ДУИ и ќе формира ново политички движење. Иако беа заедно со него во т.н Огнена група, односно во групата незадоволни членови на ДУИ, сепак новото политичко движење ќе биде без Блерим Беџети, Муса Џафери и Невзат Бејта.

Но, Меџити ќе биде со Кастриот Реџепи. Имено, Реџепи кој е поранешен пратеник на БЕСА, а сега делува како независен соопшти дека ќе биде еден од основачите на ова политичко движење.

„Јас го поддржував во текот на, да речеме, неговата внатрешно-политичка борба, ќе продолжам да го поддржувам и на неговиот пат и најверојатно ќе бидам еден од основачите на новото политичко движење“, напиша Реџепи.

Треба да знаете
Последни објави