Македонската кошаркарска репрезњнтација за играчи до 20 години во финалето на Европското првенство Б дивизија кое се одржуваше во салата на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје заврши како второпласирана откако во финалето загуби од Чешка (72:85), селекција со која го почнавме и завршивме ова натпреаврување со порази. Со настапот во финалето македонските надежи ја постигнаа целта да се вратат во еритното натпреаврување А дивизијата по пауза од 16 години.
По завршувањето на финалниот меч, чешкиот репрезентативец Ондреј Свец беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на завршниот турнир. Во идеалната петорка на ЕП се најде репрезентативецот на Македонија, Теодор Симиќ, центарот во просек имаше 16.0 поени, 9,1 скокови, 2,9 асистенции и 1,1 блокада по меч.
Покрај Симиќ, во најдобрата петорка се и Ондреј Свец (Чешка), Олександр Кобзистји (Украина), Феликс Бростром (Шведска) и Ондреј Хустак (Чешка).