Морничави детали од насилството: Кошаркарот Радивојевиќ ја претепал сопругата во автомобилот, па продолжил во станот

Поранешниот кошаркар на Црвена звезда Вук Радивојевиќ е приведен поради нанесување тешки повреди на сопругата, која поради тоа завршила во болница.

По наредба на дежурниот јавен обвинител на Првото основно јавно обвинителство во Белград, Вук Радивојевиќ е приведен поради семејно насилство.

Во периодот од 02.00 до 03.00 часот на подрачјето на општина Звездара, оштетената Љ.Р. пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг физички ја нападнал, прво во возилото, при што по вербална расправија ја удрил неколку пати, а потоа по враќањето во заедничкиот стан ја удрил со отворена тупаница, како последица на што се здобила со тешка физичка повреда, пренесуваат српските медиуми.

Во вторник осомничениот ќе биде сослушан пред јавен обвинител, по што ќе биде прибавен извештајот од центарот за социјални работи, податоци за потенцијални сведоци на овој или евентуално претходни настани, документација за степенот на повредите со кои се здобила оштетената, ќе бидат преземени и други дејствија за утврдување на целосна фактичка состојба на околностите под кои се случил настанот.

Треба да знаете
Последни објави