„Доколку и дадеме муниција на Украина, нема да ја имаме на располагање, додека не пристигнат нови наредби“, изјави началникот на Генералштабот на германската армија Алфонс Маис.
Германија е уверена дека во 2025 година ќе ја има најдобро опремената воена дивизија меѓу европските земји од Северноатлантската алијанса, изјави началникот на Генералштабот на германската армија, Алфонс Маис.
„Многу сум оптимист дека првата дивизија ќе биде готова до 2025 година“, изјави Маис за Ројтерс, додавајќи дека плановите се договорени со НАТО.
Агенцијата наведува дека во моментов Берлин нема ниту една борбено подготвена дивизија, воена единица составена од повеќе од 20.000 војници.