Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска најави дека утре на владина седница, министерот за економија, Крешник Бектеши ќе ги обраложи сите судски одлуки за рудникот во Иловица. Ваквата повторна дебата за рудникот Иловица доаѓа откако беше објавено дека Бектеши ги „измамил“ колегите министрите во Владата да гласаат за дополнителна точка на седница, без расправа, притоа информирајќи ги дека Управниот суд донел одлука за спојување на концесиите!?
Тренчевска одговарајќи на новинарски прашања потврди дека министрите во Владата ќе ја преипитаат одлуката и рудник нема да има.
Во врска со спорното гласање, министерката изјави дека точката била дополнително ставена и вообичаено министерот дава образложение на кое другите се потпираат и затоа ја гласале точката.
Oткако во неколку наврати повтори дека ставот на министрите од СДСМ е оти рудници нема да има, Тренчевска беше прашана дали е ист и ставот на колаиционите партнер ДУИ, како и дали рудникот би можел да стане точка на разидувања во коалицијата. Таа рече кажа дека не верува оти би можело да дојде до такво нешто, бидејќи владин приоритет е руралниот развој – струмичкото поле со неговата плодна почва.