Дебитантскиот краткометражен филм “Досие иднина” во режија на Гоце Трајковски ќе биде вечерва премиерно прикажан на Синедејс.
Станува збор за дистопсиска драма од блиската иднина во која главната улога ја игра смртта. Вообличена во убава млада жена, смртта влегува во животот на еден брачен пар, создавајќи љубовен триаголник.
Главните улоги ги толкуваат: Ана Стојановска, Ебру Мусли и Береда Решит. Сценариото е на Гоце Трајковски и Никола Кузелов, кинематографер е Душан Кардалевски, монтажер Михаил Димитров, сценограф Сашо Блажевски, а костимите се на Роза Трајчевска.
Филмот е во продукција на Слобода филм – Скопје.