Утринава, на паркинг на улицата Ванчо Китанов, настанал пожар на возило „ауди А3“, чиј сопственик е Б. Г. началник на СВР Штип.
„На 17.7.2023, во 3.01 часот, во СВР Штип било пријавено дека во 2.50 часот на паркинг на улицата Ванчо Китанов во Штип настанал пожар во патничко возило ‘ауди А3’, сопственост на Б. Г. (49) од Штип. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, а повредени лица нема. Увид извршила екипа на СВР Штип“, велат од СВР Штип.
Истрагата ќе открие дали станува збор за самозапалување или намерно палење на возилото на началникот.