Мексикански брод спаси морнар и куче по два месеци поминати на море

Мексикански брод спаси австралиски морнар и неговото куче кои два месеци пловеле на катамаран во Тихиот Океан, објавија австралиските медиуми.

Тим Шедок и кучето Бела тргнале од Мексико во април и планирале да патуваат околу 6.000 километри пред да се закотват во Француска Полинезија.

Набргу по тргнувањето, катамаранот бил оштетен, а електронската опрема била неупотреблива.

Шедок (51) и неговото куче го јаделе својот улов и пиеле дождовница пред да бидат пронајдени од мексикански брод.

„Имам само опрема за риболов“, изјави тој за австралискиот 9News.

Тим и Бела наскоро би требало да се вратат во Мексико.

Треба да знаете
Последни објави