Дваесет и едногодишна жена роди мртво бебе во Клиничката болница во Битола. Од болницата потврдија дека родилката, која пред два месеца се вратила од азил во Германија, е породена со царски рез во деветти месец од бременоста, но бебето не давало знаци на живот.
Ова е четврто породување на младата жена која има две живородени деца и сега две мртвородени. Бременоста и пред три години завршила со истите симптоми, па и тогаш бебето било родено мртво. Од болницата велат дека бременoста до седмиот месец не била контролирана во Македонија.
Кон крајот на седмиот месец направила прва контрола кај приватен гинеколог во Битола и уште еднаш се јавила на лекар во 36 недела од бременоста и веднаш била упатена на породување со царски рез, заради вишокот на плодова вода. За да се утврдат причините поради кои настапила смртта ќе биде извршена обдукција врз бебето.