Шумски пожари беснеат во Европа, најтешка ситуацијата во  Шпанија, Турција и Грција

Неколку илјади луѓе се евакуирани поради ширењето на шумските пожари предизвикани од топлотниот бран кој во последните денови се шири низ Европа.

Најзагрозен е шпанскиот остров Ла Палма од кој се евакуирани повеќе од 4.000 луѓе, а пожарникарите веќе неколку дена се борат со пожарот. Пожарот во Ла Палма избувна во саботата наутро, поради што многу луѓе мораа да ги напуштат своите домови, а во гаснењето на пожарот се вклучени повеќе од 300 пожарникари. Во акцијата се вклучиле и десет Канаѓани, а се уште не се знае како настанал пожарот.

Овој остров, кој припаѓа на групата Канарски Острови, со денови се соочува со рекордно високи температури.

Според официјалните податоци, досега пожарот зафатил 20 куќи и уништил 4.650 хектари шума.

Загрозено е и познатото одморалиште Чанаккале, кое се наоѓа на северозападот на Турција.

Пожарите беснеат и во Кахраманмарас, град кој претрпе големи штети по разорните земјотреси во февруари.

Денес голем пожар изби и во Грција во близина на селото Куварас во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, кој поради силниот ветер брзо се шири, а пожарникарите од копно и воздух се обидуваат да го стават под контрола. Станува збор за тежок пожар и тешка операција за гаснење, ообено поради силниот ветер.

Овие шумски пожари доаѓаат во време кога Европа се подготвува за нов топлотен бран, а се стравува дека на некои места во Италија и Грција температурата ќе достигне 49 степени Целзиусови.

Италијанските власти издадоа итно предупредување во дури 16 градови, а најзагрозена е Сардинија, која може да биде најжешката во Европа оваа недела.

Освен Италија, со високите температури се борат и Шпанија и Грција.

Грција го затвори Акропол во најтоплиот дел од денот во петокот за да ги заштити туристите.

Италијанскиот министер за здравство Орацио Скилачи најави дека им препорачува на туристите, особено на постарите, да не одат во Римскиот Колосеум кога температурата е 43 Целзиусови степени.

Покрај главниот град на Италија, здравствени предупредувања важат и во Фиренца, Палермо и Бари.

Треба да знаете
Последни објави