Повеќе од половина од Британците сметаат дека Брегзит бил грешка

Процентот на Британци кои велат дека излегувањето на нивната земја од Европската унија било грешка достигна нов рекорд овој месец, покажаа денеска резултатите од истражувањето.

Истражувањето спроведено од YouGov на примерок од 2.000 испитаници покажа дека 63 отсто од Британците сега го сметаат Брегзит повеќе за неуспех отколку за успех, додека 12 отсто го сметаат за успех, а 18 отсто се неопределени, јави Би-Би-Си.

Во јуни 2016 година, 57 отсто од Британците изјавија дека одлуката да ја напуштат Европската унија во 2016 година е погрешна, во споредба со 32 отсто кои сметаат дека е исправна.

Треба да знаете
Последни објави