Актуелниот шампион од Тур де Франс, Данецот Јонас Вингегард направи голем чекор кон одбрана на титулата, откако стигна до неверојатно доминантна победа на 16. етапа, победувајќи го својот најблизок ривал, Словенецот Тадеј Погачар за повеќе од една минута.
Етапата претствуваше планинска трка на хронометар во должина од 22.4 километри од Паси до Комблу во областа От-Савој, и беше совршена шанса двајцата најдоминантни велосипедисти во последните пет години, Вингегард и Погачар да ја имаат својата битка.
Резултатот беше застрашувачки за Погачар – Вингегрард ја доби етапат со време од 32:36, дури 1:38 пред Погачар за да ја зголеми предноста во генерален пласман на 1:48. Адам Јејтс на третото место веќе има огромни 8:52 зад Данецот.