Жител на Кичево загина во сообраќајна несреќа на патот Битола-Кичево

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Битола-Кичево, кај село Кладник вчера во 13:15 часот загина жител на Кичево. 

Како што информира МВР, Г.С.(58) од Кичево, управувајќи патничко возило „лада самара“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Тој починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево. 

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Треба да знаете
Последни објави