Фејсбук статус на Дритон Небиу, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот
Како што има напишано Небиу, Агенцијата за управување со одземен имот обезбедила и пуштила во процедура издавање на транспортно возило за услугите на џамијата во општина Арачиново.
„Со оваа донација покажуваме дека Општина Арачиново не е „заборавено село“, туку е општина која заслужува и има безброј потреби за грижа, токму од државните институции. Затоа мојата соработка со граѓаните ќе биде континуирана. Нашите активности ќе продолжат, нема да застанеме тука“, напиша Небиу на својот фејсбук-профил.