Проширен пожарот во западниот дел на Атика, изгорени домови и битка огнените јазици да не стигнат до рафинеријата

Шумскиот пожар во Дервенохорија на границата помеѓу областите Виотија и Атика, брзо се прошири во западниот дел на Атина, доби големи размери и утврдена е материјална штета, додека пожарот во поширокото подрачје на Лутраки на Пелопонез, се уште не е ставен под контрола, според портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис , јави дописничката на МИА од Атина.

Првиот пожар што изби вчера попладне, сега гори во областа Мандра во западниот дел на областа Атика, на околу 40 километри од центарот на Атина, а веќе изгореа домови, додека пак Ватракојанис рече дека пожарникарите во соработка со полициските сили во повеќе случаи морале да интервенираат во спасување на граѓани.

Од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на околните населби или да се евакуираат или да бидат во состојба на готовност.

Паралелно, пожарникарите вечерва водеа битка огнените јазици да не стигнат до рафинеријата што се наоѓа во близина.

Според портпаролот на противпожарната служба на Грција утре во 13 области има многу висока опасност од пожари.

До крајот на денот се очекува во Атина да пристигнат и четирите канадери од Италија и Франција, кои веројатно утре, штом се раздени ќе ги засилат воздушните сили во гаснењето на пожарите, со оглед на тоа што авионите и хеликоптерите не интервенираат штом се стемни.

Грчкиот премиер денеска се врати порано од Брисел и присуствуваше на состанок во Министерството за климатски кризи и цивилна заштита. 

Треба да знаете
Последни објави