Гир: Многу е важно да има јавна дебата по уставните измени

Секако како ЕУ секогаш сме велеле дека е многу важно да се има јавна дебата поврзана со уставните измени и се разбира дека тоа што се случи со усвојувањето на текстот за уставните измени во самата Влада, го поздравуваме ние, како ЕУ. Се разбира по што следи, значи самиот процес во Собранието на вашата земја, меѓутоа би сакал исто така да потенцирам дека прашањето во врска со уставните амандмани, тоа е суверена одлука на вашата земја, тоа е прашање коешто треба да го адресира вашата земја, рече евроамбасадорот Дејвид Гир запршан какви се очекувањата на ЕУ од почнувањето на процесот на уставните измени при денешната посета на Радовиш.

Според него, пратениците во Собранието кога ќе ги разгледуват предлозите, односно текстот на уставните измени, секогаш пред нив да го имаат националниот интерес на државата и секогаш на ум да ја имаат европската иднина на земјата.

Шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир, во рамките на „ЕУ со ТЕБЕ“, денеска се сретна со градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, членовите на Советот на Општината и администрацијата и претставници на граѓанските организации.

Треба да знаете
Последни објави