Кина почна подготовки за воена вежба со Русија

Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека бродови на кинеската морнарица почнале подготовки за заедничка вежба со руските поморски сили.

Во вежбата учествуваат повеќе од 10 бродови и повеќе од 30 авиони, јавија кинеските медиуми.

Министерството соопшти дека во вежбата учествуваат разурнувачите со наведувани ракети „Чичихар“ и „Гујанг“, фрегатите со наведувани ракети „Заожуанг и Рижао“ и бродот за снабдување „Таиху“.

Според извештајот, кинеските бродови носат четири хеликоптери.

Русија учествува во вежбата со фрегатите „Громкиј“ и „Отличниј“, кои веќе седум дена ги пречекуваат посетителите во финансискиот центар на Шангај, најголемиот град и најголемото пристаниште во Кина.

Заедничките вежби, чиј дел треба да се одвиваат во Јапонското Море, се фокусирани на комуникација брод-брод, маневрирање во формирањето и поморско пребарување и спасување.

Кина ја има најголемата морнарица во светот и е значително помоќна од Русија, како по големина, така и според техничките можности.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, флотите на овие земји одржаа серија вежби и заеднички маневри.

Треба да знаете
Последни објави