Листа на најсилните пасоши во светот, Хрватска и Словенија во врвот, со македонскиот без виза може да се влезе во 125 земји

Сингапурците можат да влезат во 192 земји без виза, повеќе од патниците од која било друга земја, според најновиот Индекс за најмоќните пасоши во светот на Хенли Henley Passport Indexu кој ги рангира земјите врз основа на бројот на дестинации што нивните граѓани можат да ги посетат без виза.

Германија, Италија и Шпанија се изедначени на второто место, а имателите на нивните пасоши имаат безвизен пристап до 190 други земји.

Јапонија, која беше прва во четири од последните пет години, го зазеде третото место со 189 дестинации, и истото го дели со Франција, Австрија, Финска, Шведска, Луксембург и Јужна Кореја.

Според истото мерење, од земјите создадени со распадот на Југославија, Словенија има најдобра позиција – 9-то место, а со словенечки пасош може да се влезе во 183 земји без претходно одобрение.

На високото 14 место е и хрватскиот пасош и со него без виза може да се влезе во 175 земји.

По неа е Србија на 34. позиција и 137 дестинации со кои земјава воспостави безвизен режим.

Северна Македонија е на 43-та позиција, според мерењето на Хенли пасош индекс, а со македонски пасош може да се влезе во 125 други земји без најава.

Следува Црна Гора на 44. место, место кое го дели со Венецуела, а со овие пасоши може да се влезе во 124 земји.

Босна и Херцеговина е на 47. позиција од 118 земји во кои на Босанците не им е потребна виза за влез.

Албанија воспостави безвизен режим со 117 други земји.

Косово има најлоша позиција меѓу земјите од Западен Балкан (94) и со косовски пасош може да се влезе само во 42 земји без виза.

Треба да знаете
Последни објави