Почна евакуацијата на Родос, пожар избувна и на Крит, огнот прави пустош низ Грција

Нов пожар избувна во областа Сфакија, во Ханија на Крит. Пожарот ја зафатил ниската вегетација, а пожарникарите се борат да го локализираат пожарот кој е многу отежнат поради силниот ветер. Во овој момент населбите не се загрозени.

Пет авиони и осум хеликоптери беа распоредени во западна Атика, четири авиони и три хеликоптери во Лутраки и три авиони и три хеликоптери на Родос. Пожарникарите трет ден продолжуваат да се борат со пожарите во Грција на три главни фронта, кои се уште горат во западна Атика, Лутраки и Родос.

Ноќта беше особено тешка во сите три области, а утрово воздушни средства повторно беа вклучени во борбата со огнената стихија, пренесува Катимерини.

Најтешка е состојбата во Дервенохорија, каде пожарот кој во текот на ноќта беше насочен кон Влихада, се уште гори, бидејќи и покрај големите напори, пожарникарите се соочуваат со постојани разгорувања и промени во правецот на пожарот.

Треба да знаете
Последни објави