Во попладневните часови делови од Хрватска се зафатени од ново силно невреме, со силен ветер и поројни врнежи од дожд, а посебен хаос предизвика во Загреб.
Новото невреме од Словенија се движи кон северозападна Хрватска и напредува кон централна Хрватска.
Жителите на Загреб објавуваат видеа на социјалните мрежи на кои се гледаат превртени контејнери, поплавени улици, падната дрвја…
Локално се очекуваат пороен дожд со грмежи и засилен ветер, а не е исклучена и можноста за град.
Иако се уште нема официјални податоци, медиумите наведуваат дека штетите во Загреб ќе бидат огромни. Поплавени се голем број згради, а соборени се и многу дрвја.