Спасовски: Продолжуваме на патот кон ЕУ!

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи:

-Една година од Меѓувладината седница со ЕУ – по 17 години чекање, земјава официјално ги отвори преговорите за членство во ЕУ, откако прва меѓу земјите од регионот на Западен Балкан на 9 април 2001 година во Луксембург ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација, која стапи во сила во 2004 година, а една година подоцна го доби и статусот на земја кандидат за членство во ЕУ.

Отворањето на преговорите претставуваше силен катализатор за уште еден историски момент за државата – после неколкугодишно преговарање, во име на Владата на РСМ, а заедно со почитуваната еврокомесарка Јохансон, во Скопје го потпишав Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за Европската гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) во Република Северна Македонија – израз на нашата заедничка посветеност за дефинирање на одржливи, трајни решенија во справување со илегалната миграција и прекуграничниот криминал.

Значењето на Договорот со Фронтекс е дотолку поголемо бидејќи истиот беше потпишан на македонски јазик, покрај јазиците на земјите членки на ЕУ.

Нашата земја е дел од европската историја, наследство и култура и силно сум уверен дека уште повеќе ќе ги интензивираме нашите добрите односи, напредувајќи во однос на реформската агенда на ЕУ, со континуирана посветеност за темелно спроведување на неопходните реформи.

Продолжуваме на патот кон ЕУ!

Треба да знаете
Последни објави