13-годишно девојче удрено од чамец во Парга: со тешки повреди е пренесено во болница

13-годишно девојче е повредено во Парга откако на неа налетал чамец управуван од 58-годишен маж.

Во моментот на инцидентот девојката била на даска за сурфање.

Кога мажот сфатил дека ја удрил девојката, веднаш ја качил на чамецот и ја изнел на брегот.

Кога пристигнале на копно, лекарот веднаш и дал прва помош, а потоа со тешки повреди е пренесена во локалната болница, пишува „Прототема“.

Грчката полиција уапси едно лице поради нанесување тешка телесна повреда од невнимание.

Треба да знаете
Последни објави