Невремето што вчера попладне ја зафати континентална Хрватска однесе два животи во Загреб и два во Славонија, а материјалната штета е голема.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, во Загреб загина 48-годишниот келнер Дарио Р. Откако ја завршил утринската смена во кафулето, отишол да ја земе сопругата која се враќала од работа. Дрво паднало врз автомобилот во кој бил со сопругата и нејзините колеги од работа, при што тој загинал на лице место.
Во друг дел од градот, во новозагрепската населба Дугаве, загина 50-годишниот Сенад I, врз него паднало дрво додека се обидувал да избега од невремето. Но, патот меѓу аптеката и неговата зграда не поминал бидејќи баш во тој момент паднало дрво. Живеел во зграда спроти улицата каде што починал.