Поради страшното невреме кое вчера го зафати Загреб, но и неговата околина и Славонија, на загрепски Чрномерац се урна градежен кран.
Работник бил во кранот во моментот кога разорниот ветер го соборил, но човекот го преживеал падот од чиста среќа. Тој е хоспитализиран во болницата Свети Дух, известуваат хрватските медиуми.
Како што објави Индекс.хр, тој има скршеници на левата рака и не е во животна опасност. Синоќа во болница го посетил министерот за здравство Вили Берош.
Станува збор, за 36-годишен индиски државјанин кој работи на градилиштето каде се урнал кранот.
Очигледно животот му го спасила „раката“ на кранот која прво паднала, а потоа и кабината во која се наоѓал работникот. Со оглед на тоа што кранот паднал на коловозот, среќа е што никој не поминувал, па освен работникот, никој друг не е повреден при падот на кранот.
Двајца мажи загинаа во силно невреме во Загреб, а третиот во Славонија.