Ден по страшното невреме што го опустоши Загреб, граѓаните добија итно предупредување.
Имено, Градот Загреб утрово испрати предупредување до граѓаните.
„Ги замолуваме граѓаните заради сопствена безбедност да избегнуваат да ги посетуваат парковите додека не се санираат опасните, навалените дрвја и гранки“, предупредуваат од Градот.
Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) соопшти дека според податоците за брзината на ветрот вчера во периодот од 18 до 19 часот, забележаниот удар на ветерот бил дури 180 километри на час, додека најголем налет во областа на Загреб е регистриран во Велика Горица.
Невремето однесе три животи, а повеќе од сто луѓе беа повредени, од кои некои потешко.