Две лица загинаа во пукање во Окленд, неколку часа пред Светското првенство за жени во фудбал

Најмалку две лица се убиени, а шест други се ранети во пукање на градилиште во најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд, соопштија тамошните власти во четвртокот, како што јави Ројтерс.

Според полициското соопштение, напаѓачот е мртов и повеќе нема ризик од нов инцидент.

„Пукањето во една од најпрометните улици во центарот на градот е сузбиено и е изолиран инцидент“, соопшти полицијата на Нов Зеланд, додавајќи дека нема ризик за националната безбедност.

Инцидентот се случил само неколку часа пред првиот натпревар на Светското првенство за жени на Еден парк во Окленд.

Треба да знаете
Последни објави