Страшното невреме кое вчера го зафати главниот град на Србија за само пет минути предизвика хаос на улиците, при што паднаа кранови, делови од згради и дрвја.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како голем дел од металната конструкција паѓа на улица веднаш меѓу автомобилите во движење.
Моментот е снимен на улицата „Максим Горки“ во Белград. Исто така, на градилиште во Нов Белград, од бурен ветер беше соборен кран.