Ние нема да ги поддржиме устваните измени. Дали ќе се прави филибастеринг, дали ќе се прави бојкот, тотално е небитно, бидејќи клучната работа е дека нема да поддржиме уставни измени и тој став е консектвентен подолго време, вели Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 телевизија.
Клековски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ понудила три предлози за државата да излезе од ќорсокак, но СДС ништо не прифатиле.
ВМРО-ДПМНЕ до сега поднесе три предлози како да излеземе од ќорсокакот во кој сме, а во кој не донесе владата на СДС, рече Клековски.
Клековски посочи дека сите 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се европски ориентирани, но нема да ги поддржат уставните измени.
Не мора да бара Бујар Османи европски ориентирани пратеници во ВМРО-ДПМНЕ бидејќи сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се европски ориентирани. Значи ние припаѓаме во НАТО, ние припаѓаме во ЕУ и можат да се обратат на сите 44 пратеници и тоа е ставот. Ние сме европски ориентирани и сме за ЕУ, но нема да поддржиме уставните измени и за тоа има редица причини кои што цела една година ги кажуваме, изјави Клековски.
Според Клековски владата на СДС и ДУИ е очајна и освен промена на уставните измени, нема што друго да понуди, бидејќи како што рече на сите останати полиња се распаѓа.
Оваа власт е очајна. Оваа власт во моментот зависи само од една работа и тоа се уставните измени. Значи она нема што друго да понуди на сите полиња се распаѓа. Единствено што може да вети е започнување на преговорите со ЕУ и уставни измени. И тоа тоа се држат до крај, смета Клековски.