Лавица шета низ Берлин: Граѓаните предупредени на потенцијална опасност, потрагата е во тек

Берлинската полиција денеска ги предупреди граѓаните дека се верува дека лавица е на слобода во југозападните предградија на германската престолнина.

Жителите беа предупредени да не ги напуштаат своите домови и да ги чуваат домашните миленици во затворени простории, објави Ројтерс.

Јавниот сервис РББ јави дека во тек е полициска потрага по лавицата во која учествуваат хеликоптер и противпожарни бригади.

Животното, за кое постои сомневање дека е побегната лавица, наводно било забележано денеска во регионот Потсдам во предградието на главниот град на Германија, соопшти полицијата, пренесе Дојче веле (ДВ).

Полицијата соопшти дека во акцијата за пронаоѓање на животното учествуваат и ветеринари и ловџии.

Полицијата соопшти дека информации за присуството на животното добила од сведоци кои го снимиле како напаѓа и убива дива свиња.

Треба да знаете
Последни објави