Најмалку пет лица загинаа во свлечиште во Индија, се стравува дека најмалку 100 се затрупани

Најмалку пет лица загинаа, а се стравува дека околу 100 се затрупани кога монсунските дождови предизвикаа свлечиште во едно планинско село во западната индиска држава Махараштра, соопштија денеска државните власти.

Спасувачите се обидуваат да најдат преживеани под купиштата земја и кал, пренесоа британските медиуми.

Свлечиштето беше предизвикано среде ноќ во селото Иршалвади, на околу 60 километри од Мумбаи.

Треба да знаете
Последни објави