Неонаталната интензивна нега во Загреб повторно затворена поради ентеровирус

Во Клиничката Болница Свети Дух во Загреб од денеска е затворено одделението за интензивна нега на неонатологија со цел да се спречи ширење на ентеровирусна инфекција која е потврдена кај две новороденчиња во таа болница.

Тоа одделение ќе биде затворено до понатамошно известување, одлучи Санитарната инспекциска служба на Државниот инспекторат, откако деновиве на тоа одделение беше констатирана инфекција кај две новороденчиња.

Децата се стабилни и нивната здравствена состојба континуирано се следи, велат од детската болница Свети Дух.

Мајките кои очекуваат бебиња пред 34-та недела од бременоста ќе бидат упатени во две други породилишта во Загреб – KБЦ Загреб и KБЦ Милосрдни сестри.

Ентеровирусната криза во болницата Свети Дух започна во јуни кога беше откриено дека најмалку шест новороденчиња во таа болница се заразени.

Треба да знаете
Последни објави