Срамно е што пратениците на ДПМНЕ и Левица не гласаа во Собранието за новиот Закон за употреба на македонскиот јазик.
Со законот за употреба на македонскиот јазик се дава правна основа за донесување на Национална стратегија за македонскиот јазик, се прошируваат областите за употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и опсегот на лекторирање.
ДПМНЕ и Левица покажаа крајно непочитување на сопствениот јазик и уште еднаш го потврдија своето лицемерие, од една страна манипулираат дека македонскиот јазик е загрозен, дека ќе стане бугарски дијалект, а од друга страна не го гласаат законот за употреба на македонскиот јазик.
Со СДСМ македонскиот јазик е заштитен. Најсилен доказ дека македонскиот јазик е признаен од ЕУ, со чиста формулација без додавки и фусноти е договорот Фронтекс, за чија ратификација ДПМНЕ исто така не гласаше во парламентот.
ДПМНЕ останува деструктивна партија, која застана против македонскиот јазик, која работи спротивно на интересите на државата и граѓаните.
На ДПМНЕ и Левица им е приоритет да продолжат со блокади и деструкции на штета на државата.