Силна експлозија во центарот на Јоханесбург, најмалку 40 луѓе се повредени

Најмалку едно лице загина, а повеќе од 40 се повредени во експлозија во централната област на престолнина на Јужна Африка, Јоханесбург.

Надлежните допрва треба да ја утврдат причината за експлозијата која вчера попладне предизвика голема штета на улиците, иако првичните шпекулации говорат дека пукнал  гасовод.

Градски снабдувач рекол дека е малку веројатно дека истекувањето на гасовод ја предизвикало експлозијата. Сепак, компанијата соопшти дека открила мало истекување на нафтовод во близина на областа на експлозијата.

Треба да знаете
Последни објави