Пензионерите во Србија може да очекуваат две зголемувања на пензиите, најави српскиот министер за финансии, Синиша Мали. Во октомври ќе биде извршено првото усогласување за 5,5 проценти, а во јануари за нови 14,6 отсто.
Така, просечната пензија во Србија, според министерот, во јануари ќе изнесува 390 евра.
Министерот Синиша Мали потсети дека пензиите се зголемени двапати во 2022 година, за 5,5 отсто во јануари и за 9 отсто во ноември.
-На почетокот на 2023 година се направи индексирање за 12,1%, а во октомври 2023 година ќе бидат зголемени за дополнителни 5,5%. Дополнително, очекуваме пензиите да бидат усогласени за 14,6% во јануари 2024 година. Со ваква динамика на индексирање, кумулативното зголемување на пензиите е остварено од 55,8% во однос на декември 2021 година, рече Мали.