Две лица загинаа, а шест се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Даниловград – Никшиќ, во местото Кујава во Црна Гора.
Според информациите, загинале државјанка на Словачка и државјанин на Србија, а во несреќата која се случила околу 16 часот и 20 минути учествувале автомобил и камион.
Сообраќајот на тој дел од патот бил во прекин до завршување на истрагата.
Како што јави Вијести, жртвите се Војин М.(85) и Ана Б.(73).