Ковачевски-Филибек: Иднината на Северна Македонија е во ЕУ, целосна поддршка од ПЕС за претстојните процеси

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска имаше средба со извршниот генерален секретар на Партијата на Европските Социјалисти (ПЕС), Џакомо Филибек.

На средбата се дискутираше за актуелните состојби и предизвици во државава, како и за претстојните процеси.

Извршниот генерален секретар на Партијата на Европските Социјалисти, Филибек ги поздрави конкретните чекори на Владата во насока на исполнување на евроинтеграциските цели.  

При тоа, извршниот генералниот секретар на ПЕС, Филибек ја пренесе целосната поддршка на Владата, како и сите напори кои ги презема со цел да се искористи понудената шанса за исполнување на стратешката цел-полноправното членство во ЕУ.

На средбата беше констатирано дека скрининг процесот на земјата се одвива со предвиденото темпо. Беше оценето дека спроведувањето на реформските процеси и постоењето на свесност од сите политички актери за непречено усвојување на уставните измени е неопходно како гаранција за да се обезбеди непречен влез во ЕУ бидејќи тоа е очекувањето на граѓаните.

Заеднички беше констатирано дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија и затоа не смее да се пропушти актуелната историска можност со којашто ќе се обезбеди поквалитетен живот за сите граѓани.

Треба да знаете
Последни објави