Русија не планира да напаѓа цивилни бродови во Црното Море, изјави Анатолиј Антонов, рускиот амбасадор во САД.
Москва вчера предупреди дека сите бродови што пловат кон украинските пристаништа во Црното Море ќе се сметаат за превоз на воен товар.
„Ова е во целосна спротивност со нашиот пристап. За разлика од американските власти, кои продолжуваат да замижуваат пред терористичките напади на нивните штитеници во Киев, ние отсекогаш сме биле во првите редови во борбата против овој вид криминал“, рече Антонов, пренесува „Скај њуз“.