Тренчевска на средба со српскиот министер Селаковиќ

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на покана на српскиот министер за труд, вработување, боречки и социјални прашања Никола Селаковиќ престојува во посета на Србија. 

Тренчевска денеска ќе се сретне со нејзиниот српски колега Селакович по што е предвидена изјава за медиумите.

Во текот на посетата, министерката Тренчевска ќе присуствува на презентација на новиот систем за заштита и дигитализација на инструментите за социјална заштита (СОЗИС), којшто е наменет за работа на центрите за социјална работа и системот – Социјална карта кој служи за подобра распределба на средствата кои државата ги вложува во правата од социјалната заштита.

Двајцата министри ќе посетат и центар за социјална работа каде се имплементира новиот софтер.

Министерката Тренчевска во Србија ќе престојува до петок, а на последниот ден од посетата ќе посети јавна предучилишна установа во Земун.

Треба да знаете
Последни објави