Поради силниот ветер, големиот пожар кај Атина повторно е надвор од контрола

Сè посилните ветрови разгореа голем пожар западно од грчката престолнина Атина и тој повторно е надвор од контрола, соопштија синоќа локалните противпожарни служби.

Во текот на вчерашниот ден од Грција пристигна вест дека пожарот е ставен под контрола откако беа засилени напорите за гаснење со дополнителни пожарникари кои пристигнаа од Франција и Италија. Но, во вечерните часови ветерот повторно се засили и повторно избувна пожарот, кој трае од вторник.

Според информациите од Грција, досега изгореле околу 35 квадратни километри шумско и земјоделско земјиште, а одредени места биле евакуирани при ширење на пожарот.

Веќе претходно во Грција предупредија дека може да имаат нови проблеми со пожарот во текот на четврток и петок, кога се очекува нов топлотен бран, проследен со температури над 40 Целзиусови степени.

Треба да знаете
Последни објави