Битиќи: За шест години владата на СДСМ ја зголеми просечната плата за шест ипол пати повеќе од владата на ВМРО-ДПМНЕ

Фејсбук статус на Фатмир Битиќи, заменик на претседател во Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции. 

-За шест години владата на СДСМ ја зголеми просечната плата за околу 59%, или за шест ипол пати повеќе од владата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

  • Според Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 36 465 денари.
  • Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2017, изнесувала 22 889 денари.
  • Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2011 изнесувала 20 954 денари.
  • За 6 години од 2011 до 2017, просечната плата пораснала од 20 954 денари на 22 889 денари, или за 1 935 денари (околу 9%).
  • За 6 години од 2017 до 2023, просечната плата пораснала од 22 889 денари на 36 465 денари, или за 13 576 денари (околу 59%).
    Тоа значи дека за шест години владата на СДСМ ја зголемила просечната плата за околу седум пати повеќе (околу 59%) отколку што ја зголемила претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски, исто за шест години (околу 9%).
Треба да знаете
Последни објави