Северниот италијански регион Ломбардија денеска го зафати силно невреме, а во провинцијата Милано е забележано торнадо.
На видета и сликите кои се споделуваат по социјалните мрежи се гледа како небото поцрнува додека торнадото косеше сè што ќе му се најде на патот.
Невремето предизвика големи штети на патиштата.
Се известува дека пожарникарите и другите спасувачки екипи од утрово примиле повици за 110 интервенции.