Во Собранието јавна дебата за Националната стратегија за менталното здравје на младите

Јавна дебата за Националната стратегија за менталното здравје на младите, денеска ќе се одржи во Собранието, во салата „Борис Трајковски“, со почеток во 11 часот.

Покрај тоа, закажани се и седници Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, за во 10 часот, и Комисијата за одбрана и безбедност, во 12 часот.

Во Парламентот, во 13 часот, треба да се одржи настан на Клубот за младински прашања и политики, на кој ќе биде претставен финалниот документ со конкретни препораки и предлози за идното дејствување на Клубот за младински прашања и политики на Собранието 2023/2024 година. 

Треба да знаете
Последни објави