Руските сили изведоа воена „вежба“ во северозападниот дел на Црното Море, соопштија утринава локалните власти, додавајќи дека биле истрелани противбродски проектили за соборување на цел во морето.
Според руското Министерство за одбрана, бродови на руската Црноморска флота истрелале противбродски крстосувачки ракети „кон брод што бил цел во зоната за борбена обука во северозападниот дел на Црното Море“.
Руските власти во средата објавија дека како воена цел ќе го сметаат секој брод што ќе се упати кон украинските пристаништа на Црното Море.
Во понеделникот Русија одби да го продолжи договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море.
Неколку недели претходно, Москва се закани дека нема да го обнови договорот, жалејќи се на пречки за сопствената испорака на земјоделски производи и ѓубрива кои се дел од договорот.
Потпишан во јули 2022 година во Истанбул и веќе двапати обновен, договорот со кој и се дозволува на Украина да го извезува своето жито преку Црното Море дозволи 33 милиони тони жито да се извезат од украинските пристаништа во текот на изминатата година, и покрај конфликтот.